Новиот Changan UNI-T

Стил во движење

Единствен и незапирлив. Елеганција без компромиси. Смелост без граници.

UNI-T носи храбар дизајн што не може да се помеша со ниту едно друго возило на патот. Неговите динамични линии, футуристичките детали и моќниот настап создаваат впечаток на движење дури и кога мирува.

Сликите се само за илустрација. Постои можност да не ги претсавуваат во детали, верзиите достапни за одреден пазар. Ваквите отстапувања можат да се јават поради промени во дизајнот или ажурирања во однос на опременоста или боите. Опременоста и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, моделот или верзијата.

Боја

White

Боја

Blue

Боја

Metalic

Боја

Grey

Боја

Black

CHANGAN UNI-T

Changan UNI-T се одликува со моќен, футуристички дизајн и унапредена аеродинамика. Скриените електрични рачки на вратите, „borderless“ предната маска составена од 150 елементи во форма на дијамант и препознатливиот V-спојлер го нагласуваат неговиот модерен и спортски карактер. LED светлосните групи, четирикратниот издувен систем и 19-инчните алуминиумски фелни со спортски дизајн дополнително го истакнуваат динамичниот изглед и стабилноста при возењето. Електричната задна врата (Power Tailgate) овозможува практично и луксузно отворање на багажникот со еден допир, дополнително унапредувајќи ја секојдневната функционалност и удобност.

Ентериерот комбинира софистициран минималистички дизајн, напредна технологија и врвна удобност, создавајќи амбиент во кој секој момент зад воланот е посебен. Двата екрана – 12,3-инчната дигитална инструмент табла и 12,8-инчниот централен екран – ги обединуваат информациите и мултимедијата во еден интуитивен систем со адаптивна контрола на позадинското осветлување. Ергономски обликуваните спортски седишта со лумбална потпора обезбедуваат исклучителна удобност, со интегрирани функции за греење и вентилација. Автоматскиот клима-уред и големиот панорамски покрив со UV-заштита придонесуваат за максимална удобност, повеќе природна светлина и чувство на просторност во кабината.

Changan UNI-T ги спојува моќноста, агилноста и прецизната контрола за возбудливо возачко искуство. Неговиот 1.5-литарски турбо мотор развива моќност од 180 КС и вртежен момент до 280 Nm, а 7-степениот автоматски менувач „Shift-By-Wire“ со двојна спојка овозможува мазно и стабилно менување на брзините, без прекини или нагли промени. Прецизно подесената шасија и аеродинамичната каросерија гарантираат стабилно возење, рамномерно забрзување и извонредна динамика во сите услови. Далечинското стартување на моторот (Remote Engine Starter) овозможува возилото да се стартува од далечина, обезбедувајќи дополнителна удобност и луксуз, бидејќи кабината се климатизира уште пред да влезете во автомобилот.

Стоиме зад квалитетот

Нашето ветување

Ја цениме вашата доверба, затоа ви нудиме гаранција за возилото од 7 години(или 160.000km)

ВОЗИ ЈА ИДНИНАТА

“Borderless” маска

V-спојлер

Скриени електрични рачки на вратите

19’’ алуминиумски фелни

Безбедноста и интелигенцијата се интегрирани во секој детаљ.

Возилото е опремено со најновите напредни безбедносни системи за секое патување да биде сигурно и безгрижно.

Автономно кочење

Автономното кочење (AEB), во вонредни ситуации го предупредува возачот на можен судир и по потреба автоматски реагира да ги избегне.

Асистент за одржување на лентата

Асистентот за одржување на лентата (Lane Keeping Assistance) му помага на возилото да остане во својата сообраќајна лента.

Напреден систем за следење на мртвиот агол

Напредниот систем за следење на мртвиот агол (Blind Spot Monitoring) го предупредува возачот кога во мртвиот агол се наоѓа друго возило, обезбедувајќи поголема безбедност при секое возење.