Компактен SUV што ги поместува границите. Простран, удобен и безбеден.
Совршен спој на модерна технологија, елегантен дизајн и сигурни перформанси – CS35 Plus е SUV што секое возење го претвора во вистинска авантура. Подготвен е да ви понуди сè што очекувате од еден автомобил, и уште повеќе.
Сликите се само за илустрација. Постои можност да не ги претсавуваат во детали, верзиите достапни за одреден пазар. Ваквите отстапувања можат да се јават поради промени во дизајнот или ажурирања во однос на опременоста или боите. Опременоста и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, моделот или верзијата.
Боја
Graphite Gray
Боја
Mother-of-pearl red
Боја
Snow White
Боја
Star Gray
CHANGAN CS35 plus
Се одликува со модерен и самоуверен дизајн, со впечатлива предна маска, предни и задни LED светла и алуминиумски кровни носачи кои имаат и естетска и практична функција. Динамичните линии на каросеријата и внимателно обликуваните детали придонесуваат за изразен спортски карактер, додека 18-инчните алуминиумски фелни дополнително го нагласуваат неговиот стабилен став на патот. Впечатливата двобојна комбинација на каросеријата, LED задните светла, дискретните хромирани детали и складно вклопениот заден спојлер го заокружуваат модерниот, урбан и атрактивен изглед на моделот.
Ентериерот е насочен кон удобност, технологија и префинета атмосфера. Кабината нуди пространи електрично прилагодливи седишта, мултифункционален волан и автоматски клима-уред со задни отвори за вентилација, обезбедувајќи чувство на свежина како шумски воздух. Вклучени се дигитална инструмент табла и 10-инчен мултимедијален екран на допир со можност за безжично поврзување со вашиот телефон и гласовни команди. Панорамскиот покрив внесува изобилство природна светлина и дополнително го засилува чувството на просторност и луксуз.
Го придвижува 1.4 L турбо GDI бензински мотор со 156 КС и 260 Nm вртежен момент, поврзан со 7-степен автоматски менувач (DCT). Возилото комбинира моќни перформанси со напредна технологија и современи безбедносни решенија. Камерите, системите за помош при сопирање, тргнување по нагорнина и спуштање по надолнина, заедно со предните и страничните воздушни перничиња, сензорите, електронската контрола на стабилноста и распределбата на силата на сопирање, придонесуваат за поголема безбедност при возењето и дополнително ја олеснуваат контролата над возилото.
Стоиме зад квалитетот
Нашето ветување
Ја цениме вашата доверба, затоа ви нудиме гаранција за возилото од 7 години(или 160.000km)
Бои на ентериерот
Беж
Changan CS35 plus
СПЕЦИФИКАЦИЈА
ВОЗИ ЈА ИДНИНАТА
LED СВЕТЛА
ПАНОРАМСКИ КРОВ
18’’ АЛУМИНИУМСКИ ФЕЛНИ
СПОРТСКИ ДИЗАЈН
Changan CS35 Plus – Паметен избор на долг рок.
Без разлика дали барате сигурно возило за градските обврски или за отворениот пат, CS35 Plus нуди совршен баланс меѓу стилот, моќноста и практичноста во секој километар. Искусете возило што ги разбира вашите потреби и поставува нови стандарди во секојдневното возење.




