-
475
Автономија (km) -
160
Моќност (kW) -
79.97
Батерија (kWh)
Дизајниран за уживање
Моќен дизајн, полн со самодоверба
Со своите динамични пропорции и впечатлив изглед, S07 е дизајниран да привлече внимание. Секој детаљ одразува совршениот баланс на стил и иновација, обезбедувајќи доминантен изглед на патот кој воедно е ѝ функционален ѝ неодолив.
Бои инспирирани од ѕвездите
Инспириран од на универзумот, S07 е достапен во пет препознатливи бои кои изразуваат индивидуалност и ја истакнуваат атлетската силуета. Изберете ја вашата нијанса и оставете впечаток каде и да одите.
БОЈА
Sunset Orange
БОЈА
Comet White
БОЈА
Eclipse Black
БОЈА
Lunar Gray
БОЈА
Nebula Green
УЖИВАЊЕТО ТРЕБА ДА Е ЕДНОСТАВНО
Таму, каде што иновацијата иновацијата се среќава со безвременскиот дизајн
Италијанската дизајнерска експертиза и најсовремената кинеска технологија се спојуваат за да создадат возило кое беспрекорно ја комбинира елеганцијата со интелигентната функционалност – подобрувајќи го секој момент зад воланот.
Динамична силуета на купе-SUV
Елегантниот дизајн инспириран од fastback го комбинира спортскиот карактер на купе со разновидноста на SUV, обезбедувајќи стил и практичност.
Уникатен LED потпис
Импресивна LED светлосна лента со целосна ширина и остри, современи елементи за осветлување ја подобруваат видливоста, а воедно му даваат на S07 препознатлив, футуристички изглед.
Аеродинамичка ефикасност
Внимателно обликуваните линии и оптимизираната структура на каросеријата го намалуваат отпорот, подобрувајќи ја ефикасноста, стабилноста и опсегот на возење.
Скриени електрични рачки на вратите
Скриените рачки на вратите беспрекорно се вклопуваат во каросеријата, подобрувајќи ја аеродинамиката и одржувајќи го S07 елегантен и модерен.
Совршен баланс на технологија и удобност
Доживејте ја иднината на мобилноста со S07 – интелигентен, паметен SUV дизајниран за лесно возење и префинет комфор.
Дизајнирани за удобност и контрола
Предните седушта кај S07 се карактеризираат со висока удобност и се дизајнирани за секое патување. Седиштето кај возачот, се прилагодува во 10 насоки (вклучувајќи лумбална потпора во 4 насоки) и има функција за меморија. Седиштето кај совозачот, се прилагодува во 4 насоки. Греењето и ладењето на предните седишта обезбедуваат удобност преку целата година.
Технологија и стил во секој детаљ
Напредниот AR Head-Up дисплеј на S07 прикажува навигација, брзина, безбедносни предупредувања и ажурирања за сообраќајот во реално време директно на вашето ветробранско стакло. Заменувајќи ја потребата од традиционална контролна табла, тој го задржува вашиот фокус на патот за побезбедно и поповрзано возење.
Интелигентен дизајн, персонализиран за вас
Екранот на допир Sunflower од 15,6 инчи се прилагодува на вас, ротирајќи се за да биде свртен кон возачот или патникот по потреба. Ви овозможува да го персонализирате екранот за лично искуство, а воедно обезбедува непречен пристап до забавата, навигацијата и поставките на автомобилот.
Дизајниран за уживање
Влезете внатре – светлина, простор и бескомпромисна удобност
Внатрешноста на S07 е дизајнирана за „отворено“ релаксирачко искуство, со пространи седишта, доволно простор за нозете и премиум материјали. Панорамскиот покрив го подобрува чувството за простор, исполнувајќи ја кабината со природна светлина за совршена комбинација од елеганција, технологија и практичност.
БОИ НАЕНТЕРИЕРОТ
Orange
БОИ НАЕНТЕРИЕРОТ
White
БОИ НАЕНТЕРИЕРОТ
Black
УЖИВАЊЕТО ТРЕБА ДА Е ЕДНОСТАВНО
Паметна технологија за сигурно и практично возење
360 камера со транспарентна шасија
Системот со 360° камери овозможува целосен преглед на околината, додека транспарентниот приказ на шасијата ги открива пречките под возилото, правејќи ги паркирањето и маневрирањето полесни од кога било.
Далечински управувач на дофат на рака
Останете поврзани со вашиот автомобил каде и да сте. Со вашиот паметен телефон можете да го отклучите возилото, однапред да ја подготвите кабината и далечински да управувате со клучните функции – обезбедувајќи удобност и сигурност каде и да одите.
*Достапноста на услугата зависи од пазарот.
Окријте повеќе
Откријте ја целосната спецификација на S07 и истражете како иновацијата се среќава со перформансите во секој детаљ.
Ценовник
Иновација
Безбедност и доверба на секое патување
Паметна безбедност, непречено возење
S07 е опремен со напреден систем за помош на возачот (ADAS) за зголемување на безбедноста и удобноста при секое возење. Интегрираниот адаптивен темпомат (IACC) работи од 0 до 130 км/ч, додека адаптивниот темпомат (ACC) ја прилагодува брзината помеѓу 0 и 150 км/ч, олеснувајќи го возењето на автопат и во сообраќај, со чести запирања.
Безбедност и доверба на секое патување
Напредните безбедносни функции како што се предупредување за фронтален судир (FCW) и автоматско сопирање во итни случаи (AEBS) ги детектираат возилата и пешаците за да помогнат во спречувањето или намалувањето на последиците од судир. Системи како предупредување за напуштање на лента (LDWS), Помош при одржување на лента (ELKS) и интелигентна помош при брзина (ISA) ве одржуваат на вистинскиот пат и информирани во секое време.
Лесно паркирање и свесност
Маневрирајте со доверба со помош на системот за откривање на слепа точка (BSD), предупредување за страничен сообраќај со автоматско сопирање и предупредување за отворена врата (DOW). Автоматските долги светла (HMA) и предупредувањето за безбедно растојание (SDW) ја подобруваат видливоста и свесноста, обезбедувајќи спокојство во секоја ситуација.
Иновација
Супериорна удобност. Подобрете го секое патување.
1,9м2 панорамски стаклен кров
40W безжичен полнач
Мултифункционален екран за подесување на клима
Електронски команди
Иновација
Интелигентна технологија. Иновација за паметен начин на живот.
Мобилен Bluetooth клуч
Премиум аудио систем со 14 звучници
LED фарови
Безжичен дисплеј, Android Auto
Иновација
Интелигентен асистент на пат
Нашиот интелигентен интерактивен систем веднаш ја менува атмосферата во кабината, овозможувајќи активирање со еден допир за целосно искуство.




