Новиот Changan CS55 plus

Перформансите на прво место.

Уметноста на совладување на патот. Иновација од повисока перспектива.

CS55 Plus е подготвен да владее со улиците благодарение на напредните безбедносни системи, уште попространата внатрешност и возните карактеристики што ви овозможуваат исклучително возачко искуство.

Сликите се само за илустрација. Постои можност да не ги претсавуваат во детали, верзиите достапни за одреден пазар. Ваквите отстапувања можат да се јават поради промени во дизајнот или ажурирања во однос на опременоста или боите. Опременоста и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, моделот или верзијата.

Боја

Pearlescent white

Боја

Deep black

Боја

Sparkling red

Боја

Star Gray

Боја

Atomic Gray

CHANGAN CS55 plus

Втората генерација на CS55 Plus отвора нова ера на серијата CS со напредната технологија и препознатливиот дизајн на CHANGAN. Степенестата предна маска се комбинира со континуирана површина на каросеријата и 12 динамични геометриски елементи во форма на прстен, одразувајќи стил инспириран од науката и технологијата. LED предните светла, спортскиот заден спојлер, алуминиумските фелни од 19 инчи и спортските надворешни детали го прават овој модел веднаш препознатлив.

Ентериерот на CS55 Plus ве става во центарот на вниманието, нудејќи врвна удобност и уживање при возењето. Кожниот ентериер, електричниот панорамски покрив и електрично прилагодливото возачко седиште со внимателно обликувана геометрија обезбедуваат високо ниво на странична потпора, додека централната конзола природно се надоврзува на потпирачот за раце. Мултимедијалниот систем со 12,3-инчен екран, аудиосистемот Pioneer, дигиталната инструмент табла и системот со 360° камери дополнително го збогатуваат искуството при возењето.

Најновата генерација на 4-цилиндрични мотори на Changan, користи шест клучни технологии за врвни перформанси и ефикасност. Меѓу нив спаѓаат: 1) интегрираната издувна грана во главата на цилиндрите; 2) најсовремениот систем за променливо управување со вентилите (VVT); 3) високоефикасен интеркулер со водено ладење; 4) оптималната поставеност на моторот со довод на воздух од предната страна и издув од задната; 5) современиот т.н. „double scroll“ турбополнач; како и 6) прецизно контролираниот електричен актуатор на турбополначот.

Стоиме зад квалитетот

Нашето ветување

Ја цениме вашата доверба, затоа ви нудиме гаранција за возилото од 7 години(или 160.000km)

Changan CS55 plus

СПЕЦИФИКАЦИЈА

ВОЗИ ЈА ИДНИНАТА

Прогресивен дизајн на предната маска

19-инчни алуминиумски фелни

Спојлер „Star Ring“

Задни светла „Star Ring“

Функционалност и удобност во кабината

Напредните технологии и иновативниот дизајн на моделот CS55 Plus обезбедуваат луксузно, удобно и практично возачко искуство. Седнете удобно, опуштете се и препуштете му ја работата на вашиот автомобил.